Чуварот на мрежата на Јувентус, Џиџи Буфон по кој знае кој пат ја демонстираше својата спортска величина. Тој по завршувањето на дербито со Милан кое го добија (1-0) го замени дресот со дупло помладиот колега од спротивната страна Џиџи Доннарума.
Глетката беше посебна бидејќи пред извесно време 16-годишниот голман на Милан изјави дека неговиот идол од детството е токму Буфон.
По разменувањето на дресовите двајцата голмани имаа мал разговор, а Буфон го охрабруваше својот помлад колега.
Потегот на Буфон можете да го погледнете тука.
Ohridnews











