Голем број верници и граѓани присуствуваа на традиционалната струшка Литија (Еордија) со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица, што ја организира локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски, манастирите во Рајчица и Пречиста.

Традиционално, моштите на светецот пристигнаа од манастирот во Рајчица, а чудотворната икона на Пресвета Богородица од манастирот Пречиста во Кичево.

Овие големи светињи беа поставени за поклонение во храмот „Свети Георгиј“ во Струга, каде беше отслужена богослужба.

По завршувањето на свечената Литија, следеше настап на кичевското играорно друштво „Бисер“, како и хорот „Митрополит Козма Пречистански“ од Кичево, кои за Струшката Еордија подготвиле специјална програма.

За време на литијата и црковните настани, во Струга на сила беше посебен режим на сообраќај.

OhridNews