
Независно зголемената раздвиженост низ градот, овогодишните Велигденски празници Охрид ги минува без масовна посетеност од странски туристи. Иако низ градот можат да забележат автомобили со странски регистерски таблички, воглавно од соседните држави, загрижува податокот што оваа година е забележително намален бројот гости од соседна Србија, кои изминатите години го држеа приматот најбројни на Охридската ривиера. И оваа година воопшто ги нема гостите од Грција кои традиционално доаѓаа во Охрид за Велигден.

Танески истакна дека слабата посетеност на балканскиот Ерусалим за Велигденските празници секако е последица на светската економска криза, но оти тука мора да се истакне оти негативно влијание имаат и слабата пропаганда и организираноста на охридската туристичка понуда.
– Проблемот е во нас, во нашата неефикасност, неспособност и нашето нестручно ангажирање во делот на промоција, маркетингот и анимирањето на туристичкиот пазар, пред се во соседните земји, додаде Танески.
Тој истакна дека во целата лоша слика добро е што договорените аранжани на хотелиерите од минатата за 2010 година се реализираат без откажувања на термини, што влева надеж дека главната туристичка сезона ќе биде подобра од минатогодишната.











