Во пресрет на големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, градоналачникот на Охрид Никола Бакрачески, на целото свештенство од Дебарско-Кичевската Епархија и на сите православни верници им го честита празникот.

„Чествувајќи ги овие големи празнични денови, секој од нас треба да се преиспита колку ние со нашиот однос и нашите постапки достојно го следиме христовото учење и што можеме да направиме да ја зацврстиме православната вера во секој од нас. Предизвиците што ги носи животот, треба да не направат посплотени и помудри во нашите постапки кои се одразуваат врз животите на нашите граѓани. Божјата сила нека ни даде вистински насоки при носење на нашите одлуки кои треба да донесат благосостојба на граѓаните, просперитет на Охрид и напредок на Република Македонија.“ – додава Бакрачески.
Од локалната самоуправа, уште еднаш на сите православни христијани им го честитаат празникот Велигден.
OhridNews












