Поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г. Стефан до сите верници од православна вероисповед упати велигденска порака по повод претстојниот празник воскресение христово–Велигден.
„Воскресението христово е коренот на нашата вера. Преку тој спасоносен настан се удостоивме да учествуваме во тајната на верата, надежта и љубовта. Со воскресението се се исполни со праведност, мир и радост. Распнатиот Христос победи и нема поголема вест за човекот и светот од најрадосната вест за победата на животот над смртта. Оттаму, овој голем ден е дар божји, во кој треба да препознаеме дека ништо не завршува со страдањето и смртта, туку дека Велигден е денот на животот, се вели во велигденската порака на поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан.
OhridNews