На натпреварот учествуваа 16 екипи од 14 градови од Македонија- Охрид, Скопје, Струга, Тетово, Гостивар, Битола, Прилеп, Свети Николе, Кочани, Гевгелија, Дебар, Кавадарци, Струмица, кои добија благодарници за учеството од страна на претседателот на здружението Васко Марков.
Трочленото жири составено од вешти жени од Охрид- Орхидеја Топенчарова, Родна Пердулоска и Кате Бујароска имаше тешка задача да одлучи кои од бројните подготвени јадења се најуспешни.
Четвртото место и припадна на екипата од Свети Николе, третото на претставниците од Гостивар, втората награда ја доби екипата од Струга.
Првата награда ја понесоа вештите раце на жените- учеснички од Битола, за прекрасно аранжираната велигденска торта .
– Целта на оваа манифестација е заедничко тродневно дружење и размена на искуства на глувите и наглуви жени од нашата држава кои се трудољубиви и креативни, нагласуваат организаторите.
Сите јадења презентирани на натпреварот беа подготвени во текот на вчерашниот ден во Хотелот Далјан . Меѓу нив големо внимани привлече и албанскиот специјалитет од Дебар кој изобилуваше со различни вкусови: ориз, телешко месо, ореви , суво грозје и цимет кој беше несекојдневен, но привлечен.