Општина Охрид во соработка со ЈП „Градски пазар“ денес го организира традиционалниот „Велигденски базар“ проследен со концерт и музичко сценски перформанс на охридските културно – уметнички друштва.
На базарот ќе земат учество сите заинтересирани фирми, занаетчии, слаткари, пекари, уметници, производители на охридски и македонски традиционални јадења и др.
Во забавниот дел од настанот ќе настапат КУД „Ѓердан од бисери“, „КУД „Ѓердан“; КУД „Отекс“,; КУД „Фаланга“; КУД „Филиграни“; КУД „Илинден“, учесниците на детскиот – музички фестивал „Распеано рибарче“, малите ѕвездички со КА – Двојче, најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“ и учениците од општинските основни училишта.
Велигденскиот базар ќе има хуманитарен карактер и дел од собраните средства од продажба на производите ќе бидат донирани онаму каде што е најпотребно, информираат од Општина Охрид.
Исто така, ОО на Црвен крст ќе постави свој штанд, со кутија за донации каде што секој посетител ќе има можност да даде своја донација за помош и поддршка на ранливите категории граѓани, во духот големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.
OhridNews