Во просториите на Јавното Претпријатие “Билјанини Извори“ беше одржана прескоференција по повод Велгденскиот турнир во мал фудбал, кој ќе се одржи по четврти пат.


Со денешната прес конференција го означуваме официјалниот старт за пријавување на заинтересираните фудбалски екипи за претстојниот Велигденски турнир во мал фудбал кој оваа година ќе се одржи по четврти пат во спортската сала Билјанини Извори. Традиционално, ЈП Билјанини Извори како организатор и Локалната самоуправа Охрид како генерален покровител се носителите во реализацијата на овогодинешниот турнир во мал фудбал. Рокот за пријавување на екипите започнува денес и ќе трае се до 23 март, ден пред официјалното извлекување на групите. И оваа година турнирот ќе се состои од 6 групи од по 4 екипи, а  максималниот број на екипи е ограначиен на 24 учесници – истакна директорот на ЈП “Билјанини Извори“, Боро Шајн.

Новина во турнирот, по повод големиот христијански празник Велигден е зголемениот паричен фонд на наградите, големи изненадувања за публиката и прогласувањето на најдобар фудбалер после секој натпревар во двете екипи.

Оваа година паричниот награден фонд го зголемивме и изнесува 150.000 денари. За победникот на турнирот наградата изнесува (80 0000 денари), за второпласираниот наградата е (40 000 денари) додека за освојувачот на третата позиција наградата е (20 000 денари), а новина е наградата за четвртопласираниот која изнесува (10 000). Покрај паричините награди за најдобрите четири екипи како и за најдобриот играч, стрелец, голман и фер плеј екипа ќе доделиме пехари, медаљи, спортска опрема и дипломи – додаде Боро Шајн.


Традиционалниот велигденски турнир, кој се одржува по четврти пат, ќе започне на 26 март овој месец а големото финале е закажано на 12 април. Влезниците за турнирот се 20 денари, а директорот на ЈП “Билјанини Извори“ најави многу изненадувања за публиката

Во интерес на сите љубители на фудбалот и спортот, влезниците ќе се по симболична цена од 20 денари. За посетителите обезбедивме и награди кои ќе ги доделиме за време на траењето на целиот турнир. Наша цел и мото на овој турнирот е да победи најдобриот – потенцираше Шајн

Најдобрите охридски и воедно македонски судии се гаранција за сите екипи и фудбалери дека ЈП “Билјанини Извори“ ќе им се овозможи одлични фудбалски предуслови за фер плеј игра.

Мх.П.