Најпознатиот аптекарски бренд во регионот „Виа Фарм“ пријатно ги изненади купувачите пред празникот Велигден. Тие на подарок добија специјално изработена пластична кутија за дозирање на лекови и примерок од најновото издание на магазинот за здравје и современ живот „Наше Здравје“, кое излезе од пешат деновиве.
На лицата на купувачите можеше да се забележи чувство на задоволство од убавиот гест и вниманието кое редовно го добиваат во аптеки „Виа Фарм“.
Аптеки „Виа Фарм“ во заедно со маркети „Тамаро“ деновиве започнаа уште една кампања за своите редовни купувачи „Со фискална сметка до полна корпа производи!“.
Со купување на производи во некоја од добро познатите аптеки „Виа Фарм“ во регионот, купувачите имаат можност да добијат ваучери за производи кои можат да ги набават во маркетите „Тамаро“. Се што треба да направите е да ги збирате фискалните сметки од аптеки „Виа фарм“, бидејќи износ од фискални сметки од 2000 денари ќе ви донесе ваучер за производи во маркети „Тамаро“ од 200 денари, за фискални сметки во висина од 3000 денари добивате ваучер од 300, а за 4000 денари ваучер од 400 денари.
На фискалната сметка за која се добива ваучер за маркети „Тамаро“ не влегуваат производи кои се на товар на ФЗОМ и производи кои во моментот се на промоција, информираат од аптеки „Виа Фарм.
Фискални сметки во аптеки „Виа Фарм“ ќе може да се собираат до 31.05.2018г., а ваучерите ќе може да се искористат до 30.06.2018г. во било кој од маркетите „Тамаро“ во Охрид и „Тамаро 8“ во Струга.
OhridNews














