Велија Рамковски, сопственикот на првата приватна телевизија „А1“, која беше затворена, во интервју за утрешното издание на весникот „Слободен печат“, најавува дека телевизијата повторно ќе ја отвори, бидејќи, како што објаснува, тоа го очекуваат гледачите.
Рамковски во интервјуто открива дека неговите најблиски соработници, кои заедно со него поминаа повеќе години во Шуто Оризари и во Идризово, храбрите новинари, како што вели, кои се бореле против режимот, ќе имаат 51 отсто од сопствеништвото на телевизијата, а новинарите ќе имаат статут со загарантирана уредувачка автономија.
OhridNews