Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ , 16 Април 2012 година (понеделник), вториот ден на Велигден според православниот календар е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
За граѓаните од православна вероисповед неработен ден е и 13- ти април, велики Петок, петок пред Велигден.












