Најинтересен момент на мечот меѓу Малага и Барселона кој заврши 0-0 беше „кошкањето“ меѓу капитенот на домаќините Велигтон и првата виолина на каталонците Лионел Меси.

Велигтон по дуелот со Меси покрај аут линијата го фати за вратот и го турна, а аргентинскиот репрезентативец падна како покосен.


По натпреварот Бразилецот рече дека Меси не бирал зборови да го испровоцира и извреѓа. За таквиот потег Велигтон заработи жолт картон додека Меси помина без никаква санкција.

Мх.П.