Одбранбените фудбалери Велкоски и Стојаноски ги санираа повредите и се очекува да бидат меѓу стартните 11 на мечот против Беласица во Струмица. 


ги очекуваат назад во стројот

Стојаноски се повреди на мечот од второто коло против Влазерими (5-4), додека пак Велкоски се повреди на гостувањето кај Миравци (1-0) и теренот го напушти по 25 минути игра.

Нивната кондиција е се` подобра и одуката дали ќе се најдат меѓу стартерите на мечот ќе ја донесеме во недела – вели шефот на “градежниците“ Димитри Трифуноски – Србо.

“Градежниците“ по пет одиграни кола се наоаѓаат на четвртото место со десет освоени бода. Противникот на охриѓани Беласица со четири освоени бода се наоѓа на 11. место.

М.П.