Охридскиот велосипедски клуб ЕкоДром викендов ќе организира тридневен Велоспедски камп во Охрид. Поканети се околу стотина учесници од Македонија и земјите од нашето опркужување.

За време на трите дена ќе бидат организирани три различни велосипедски тури. Во првиот ден во Сабота по четврти пат во соработка со Национачниот парк Галициа, ќе се одржи рекреативниот маратон “Бојазон“. Должина на турата е 53 км, а се вози низ пределите  Шарбојца, Асан Џура, Два Јавори, Глобока Јама низ шумата на Бојазон,

Вториот ден предвидено е да се посетат Вевчани – Горна Белица – Вишни, а турата е во должина од 60 километри.

Третиот ден е за резервиран за освојување на врвот  Врв Вакосkи гној . Третата тура е и најдолга со должина од 80 километри и искачување на Врвот Вакоски гној кој е на надоморска висина од   1970 мнв.

– Оваа тура е посебно интересна бидеќи по напорното искачување следува неповтоливиот поглед од врвот, од кој се гледаат двете езера, Два Бисера како на дланка – велат од клубот

Вообичаено за ваквите тури се задолжително носење на заштитна кацига, резервна гума, основен алат, а со оглед дека временските прилики нема да бидат наколонети на велосипедистите се препорачув да носат и заштитни кабанци.

М.П.