Новата сезона во планински велосипедизам ќе стартува од Охрид, в недела точно на пладне од Античкиот театар.

Државното првенство ќе се одржи на ново формираната патека „Лихнид“ во должина од 4050 метри, која ќе доживеа своја промоција. Кружната трка ќе се вози од 12 до 14 часот во стариот дел на градот, Варош, Месокастро, Бајрон, Самоилова Тврдина.


Организатор на трката е Планинско Друмскиот Велосипедски Клуб „ЕкоДром“ од Охрид и Македонската Велосипедска Федерација.

Право за пријава на учество имаат сите лиценцирани натпреварувачи од листата на ВФМ, ќе се натпреваруваат во три категории Јуниори, Елите и Мастерси, а натпреварот се бодува за Ранг листа во планински велосипедизам. Трката се вози според правилата на УЦИ, секој натпреварувач вози на
сопствена одговорност, задолжителна употреба на заштитна кацига.

Организаторот обезбедува медали за тројцата пласирани од категориите, Јуниори, Елите, Мастерси

Ohridnews