Италијанскиот велосипедист Мишел Скарпони трагично го загуби животот, откако се судри со комбе при рутинскиот тренинг близу својот дом.
37-годишниот велосипедист како што пренесуваат италијанските медиуми му подлегнал на тешките повреди со кои се здобил при сударот со комбето.
Скарпони кој беше дел од тимот на Астана Про Тим во 2011 година го освои трофејот на „Џиро Д`Италија“. – Ова е голема трагедија и нема зборови со кои би ја опишале тагата за изгубениот другар. – стои во соопштението од клубот.
Неколку дена пред несреќата со трагичен крај Скарпони победи на првата етапа на турата на Алпите и најави атак на титулата во националниот шампионат годинава.
OhridNews