На 08.07.2022 во 18.45 часот во Струга, на регионалниот пат Р1201 Дебар-Струга, во с.Велешта, струшко, патничко возило „рено клио“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 26 годишно лице од с.Лабуништа, струшко, удрило во велосипед управуван од 81 годишно лице од с.Велешта, информираат од МВР.

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ – Охрид, додаваат.

Известен е Јавен обвинител, а увид извршила екипа од Полициска станица Струга.

OhridNews