Во сообраќајна несреќа поврден 75 годишен велосипедист. Истиот се здобил со тешки телесни повреди.

На 27.09.2021 во 16.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на крстосница од бул.„Туристичка“ и ул.„Хаџи Мустафа“ во Охрид, патничко возило „шкода јети“, со албански национални ознаки, управувано од 54 годишно лице од Охрид, удрило во велосипед управуван од 75 годишно лице од Охрид. Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Охрид.

OhridNews