Викендов во организација на Велосипедска Федерација на Македонија и Планинско Друмскиот Велосипедски Клуб ЕкоДром од Охрид ќе се одржи планински Државен натпревар за ранг листа “ХС Куратица“.

– Натпреварот ќе се одржи во соработка со месната заедница која навистина работи во поглед на популаризација на селото и природните убавини на планината Мазатар, ова е уште една новина каде за прв пат ќе организираме ваков тип на натпревар – вели Александар Јованоски од ЕкоДром.

Должината на кружната патека во Куратица ќе биде со должина од 3,4 км а право на учество имаат сите категории на лиценцирани велосипедисти и рекреативци

    

Ќе има два стартат и тоа еден во 11 часот за класите Хоби, Жени, Кадети и Мастерс, и еден во 12.30 часот за класите Елит и Јуниори.

Натпреварот кој се бодува за Ранг Листа 2012 се организира според техничкиот правилник на УЦИ и ВФМ.

ohridnews