Охриѓанецот Јован Јованоски од велосипедскиот клуб „Екодром“ во дресот на македонската репрезентација го освои бронзениот медал на Балканијадата која се одржа во Лесковац – Србија, во класата кадети до 15 години.


Покрај домаќинот Србија на Балканијадата учествуваа над стотина натпреварувачи од тимови од Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Кипар, Босна и Херцеговина и Република Македонија.

Јованоски кој беше третопласиран на неодамна одржаното превенство во планински велосипедизам во Охрид, на Балканијадата ја потврди одличната форма.

Ohridnews