Викендов во Охрид во оганизација на ВК “Еко Дром Охрид “ се одржа Годишното собрание на Велосипедската Федерација на Македонија. На собранието на кое учество зедоа 25 делегати од 13 клубови примени  се два нови велосипедски клуба,  ВК „Шри Чинмој“ од Скопје и ВК „З’ш Точак“ од Охрид.


Со приемот на овие два клуба Федерацијата брои 20 велосипедски клубови, а целта и понатаму ќе биде проширување и популаризација на велосипедизмот со формирање на нови клубови во  Охрид, Кичево, Св. Николе…, реафирмирање на велосипедизмот во Прилеп и останатите градови во внатрешноста.

При приемот, на новите членки им беше укажано дека покрај придобивките од членството во Федерацијата истите носат одговорност за нивно активно учество во организирање настани и поддршка на предвидените активности на Федерацијата, информираат од Федерацијата.

 – ВК Еко Дром од Охрид за само година и пол членство, презеде и успешно го реализира  Државно првенство  во планински велосипедизам, даде придонес во неколку манифестации за популаризација на велосипедизмот како што се локална поддршка на „Велофест“ и „Кругот околу Охридското Езеро’, која е прва оранизирана манифестација од ваков вид со учество на велосипедисти од соседна Албанија и претендира да стане традиционална – велат од клубот.

Собранието го усвои календарот на натпревари со систем за државни првенства , куп натпревари, натпревари за ранг листа во сите постоечки дисциплини што всушност е главен приоритет и основата за постоењето на велосипедската федерација.

Утврдена беше и промената на членови на Управниот Одбор на Федерацијата и тоа: Марјан Петровски е променет со Стефан Петровски и двајцата од ВК „Вело-М“ , а Драган Димитријоски од ВК „Илинден“ е изгласан на местото од Слободан Арсовски од ВК „Цикло АС“.


Посебно признание доби Јован Јованоски од ВК „Еко Дром“ – Охрид од страна на претседателот на Велосипедската Федерација Сашо Димитријески по повод освоеното трето место на Балканското првенство во планински велосипедизам во Србија во класата на млади кадети .

OhridNews