Во организација на Critical Mass Struga во петок низ струшките улици ќе се одржи велосипедски ден.

Велосипедистите, како што соопшти организаторот ќе тргнат од Градскиот плоштад во Струга во 16 часот и 30 минути и ќе возат низ улиците „Туристичка“, „Маркс и Енгелс“, „Партизанска“, „Кеј Борис Кидрич“, „15-ти Корпус“, „Владо Малески“, „Пролетерска бригада“ и „Боро Хаџиески“, во вкупна должина од пет километри.

Ова е нова традиција во нашиот регион во организација на „Critical Mass Struga“. Ќе се собереме на градскиот плоштад и ќе возиме низ улиците во Струга. Ова е само почеток на една стара традиција, која ќе се повторува секој месец, информираат организаторите.

Целта на активноста, посочуваат, е подигање на свеста кај возачите и да се зголеми желбата на граѓаните за велосипедизмот, Струга да биде пример за поеколошки град.

OhridNews