Венеција од утре ќе го ограничи бројот на посетители во туристичките групи на 25, а на туристичките водичи ќе им биде забрането да користат звучници за да се „заштити мирот на жителите“ и да се обезбеди послободно движење на пешаците.

Ограничувањата, кои се првично планирани за почетокот на јули, го вклучуваат центарот на градот, како и островите Мурано, Бурано и Торчело.
Во април, Венеција стана првиот град во светот кој воведе систем за плаќање за посетителите во рамки на експеримент кој има за цел да ги одврати туристите од посета во текот на сезоната.
Таа шема траеше 29 дена, по што следеа консултации за иднината на проектите кои имаат за цел да го намалат влијанието на масовниот туризам врз Венеција.
OhridNews
					



							






