Англискиот премиерлигаш Арсенал ја доби најтешката задача во 1/8 финалето од Лигата на Шампиони откако за противник во ждребката им се падна Барселона.


Актуелниот шампион на Европа гази се пред себе во секое натпреварување каде настапува, а повеќе од 30 натпревари немаат претрпено пораз.

– Барселона не е фаворит против нас туку супер фаворит. Наша задача е да бидеме фокусирани, храбри, цврсти и сконцетрирани во првите деведесет минути кои не очекуваат на Емирати. Овој меч нема ништо да решава, но не смее да си дозволиме неповолен резултатот пред реваншот на Ноу Камп. – рече Арсен Венгер.

Францускиот стручњак сепак ќе има ја најтешката задача да направи „анти тактика“ за триото Лионел Меси, Нејмар и Луис Суарез кое ја води Барселона во походот кон титулите.

– Меси на 340 мечеви има дадено 300 голови што е едноставен пример за играта на Барселона. Нападот им е најефикасен во светот, и можат да постигнат погодок кога ќе помислите дека ги имате неутрализирано. На нивниот начин на игра можиме да им се спротиставиме само колективно. Имаме добар голман сезонава и мислам дека има во нас магија да и се спротиставиме на големата Барселона. – додаде Венгер.

Години наназад овие две екипи се сретнуваат во осмина или четвртфиналето и до сега ниту еднаш Арсенал не успеал да елиминира Барселона.

OhridNews