Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер со големи проблеми и резултатска криза ќе го пречека градското дерби со Тотенхем во Премиер лигата.


„Топчиите“ влегоа во резултатска криза откакоз изгубија од Манчестер Јунајтед и Свонси во Премеир лигата и од Барселона во Лигата на Шампиони.

Но, тоа не е единствениот проблем за францускиот стручњак кој за мечот со Тотенхем не ќе може да смета на Питер Чех и Лорен Кошчиелни.

Голманот и капитенот се повредија на натпреварот со Свонси на Емирати кој домаќините неочекувано го изгубија (2-1).

Арсенал дербито ќе го пречека од третата позиција со 51 бод, три помалку од второпласираниот Тотенхем и шест од лидерот на табелата Лестер.

OhridNews