Во последните часови од летниот преоден рок менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер забележан е во Франција, а англиските медиуми веднаш го поврзаа со доведување на Едисон Кавани и Адриен Рабиот од тимот на Пари Сент Жермен.
Кавани е втора опција на менаџерот од Арсенал кој долго време во своите редови го посакуваше голгетерот на Реал Мадрид, Карим Бензема.
„Топчиите“ во летниот преоден рок го ангажираа само голманот Петр Чех кој премина од градскиот ривал Челси.
Ohridnews