Босанскиот репрезентативец, Миралем Пјаниќ може кариерата да ја продолжи во Англија, поточно во Арсенал, откако интерес за неговите услуги покажал Арсен Венгер.


Францускиот стручњак во Пјаниќ гледа замена за Санти Кацорла кој после завршување на сезоната ќе си замине од Емирати.

Изненадувачки се пишувањата на англиските медиуми за трансфер на Пјаниќ кој минатата година за 40 милиони евра од Рома се пресели во Јувентус.

Босанецот во дресот на „старата дама“ сезонава има постигнато шест голови и уште осум пати има асистирано до своите соиграчи за погодок.

OhridNews