Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, во летниот преоден рок ја одбил понудата на минхенски Баерн за трансфер на Месут Озил, пишува Ел Конфиденсијал.

Венгер ја одбил понудата за 25-годишниот фудбалер, со образложение дека тој е дел од долгорочните планови на клубот.
Според истиот извор, Венгер одбил да го продаде Озил, бидејќи летово Сеск Фабрегас се решил да се пресели во Челзи, наместо да се врати во Арсенал.
Озил, минатото лето пристигна во Арсенал за сума од 42 милиони фунти, летово со Германија ја освои светската титула, но на почетокот на сезоната во Премиер лигата пружа разочарувачки партии, на седум натпревари има забележано само една асистенција.
„Макфакс“










