Францускиот репрезентативец Ентони Марсијал е ударната игла на Манчестер Јунајтед сезонава, а лесно можел да заврши во Арсенал место на Олд Трафорд.
Менаџерот на „топчиите“ Арсен Венгер откри дека го прател Марсијал и контактирал со Монако, но од клубот добил негативен одговор оти напаѓачот не е за продажба.
– Монако продаде многу играчи и не се надевав дека ќе го продадат и него. Не пратив официјална понуда за Марсијал, но според разговорите од челниците уверен бев дека нема да замине. Кога протичав дека Јунајтед го ангажирал се осеќав изиграно, но искрено неможевме да понудиме колку нашиот ривал. – рече Венгер.
На Марсијал му беше потребен само еден месец да ги воодушеви навивачите на Манчестер Јунајтед и неутралните вљубеници во фудбалот со атрактивните погодоци и леснотијата во играта.
Токму од Французинот најмногу ќе стравува Венгер кој пред своите гледачи в недела во 17 часот ќе соочи со Манчестер Јунајтед.
Мх.П.











