Менаџерот на „топчиите“, Арсен Венгер јавно им спротистави на ултрас навивачите кои речиси на секој натпревар носат транспарет за негово заминување.


Францускиот стручњак јасно и им стави до знаење дека и следната сезона ќе го предводи Арсенал без разлика на нивната желба.

– Секој ден од мојот живот му го посветувам на клубот, што ме прави неизмерно среќен. Ако навивачите не ја осеќаат мојата љубов, тоа е нормално, но морам да им кажам дека и следната сезона ќе го водам клубот. – рече Венгер.


Арсенал на титулата од Премиер лигата се нема израдувано од 2004 година кога „непобедливите“ ја покорија Англија без пораз.

OhridNews