Германскиот репрезентативец, Шкодран Мустафи и поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Џони Еванс се решението за Арсен Венгер за проблемите во одбраната.


Тие настанаа по повредата на капитенот Пер Мертесакер и продолжениот одмор на Лорант Кошчиелни поради настапот за Франција во финалето од Европското првенство.

„Топчиите“ за почетокот од новата сезона останаа само со два здрави стопери (Габриел и Калум Чембрес), што преставува голем проблем со оглед на квалитетот во Премиер лигата годинава.


Цената на Мустафи кој настапува за Валенсија на трансфер пазарот изнесува околу 30 милиони евра додека репрезентативецот на Северна Ирска чини три пати помалку.

OhridNews