Фудбалерите на Арсенал претрпеа голем удар на шампионските амбиции откако со наведната глава го напуштија Олд Трафорд.
„Црвените ѓаволи“ на крилата од Маркус Рашфорд во дербито на колото славеа со 3-2 и се вратија во игра за местата кои водат во Лигата на Шампиони.
– Се плашев од други фудбалери, а добив нокаут од тинејџер. Тие во составот имаат многу поскапи и подобри фудбалери, но Рашфорд се покажа како таличен за домаќините. Тој одигра перфектно без грешка. Секој допир со топката му беше префинет, тајмингот и движењето исто така феноменални. – рече Арсен Венгер.
Францускиот стручњак на клупата од „топчиите“ додање мислење околу играта на своите избраници. – Наивно ги примивме головите, нешто што не ни се случуваше често сезонава. За играта и желбата немам што да им замерам.
Веќе во среда Арсенал го очекува нов меч во Премиер лигата, противник на Емирати ќе им биде тимот на Свонси.
OhridNews












