Англискиот премиерлигаш, Арсенал со три победи и две реми обезбеди пласман во нокаут фазата во Лигата на Шампиони, но се уште не е јасно на која позиција ќе заврши во групата.
„Топчиите“ ја загубија битката за првата позиција барем во меѓусебните дуели со Пари Сент Жермен. Мечот на Емитари заврши 2-2, а првата дерби средба во Париз финишираше 1-1.
– Во овој момент сме втори и 90% се шансите да останеме на оваа позиција. Сакавме групната фаза да ја завршиме на првата позиција, но ете видовте што се случи. Немаме пораз во групната фаза, добро игравме на сите мечеви, но еден погодок примен на домашен терен ни ги расипа нашите планови. Искрено, незнам дали второто место е добро или лошо гледајќи ги потенцијалните ривали на прво и второпласираните екипи во 1/8 финалето. Единствена предност во осминафиналните парови според мене ќе биде само домаќинството на вториот меч кој може да го одлучи патникот во 1/4 финалето. – рече Арсен Венгер.
Како второпласирани во своите групи веќе завршија Баерн Минхен и Манчестер Сити, а може да им се приклучи и Реал Мадрид ако не го совлада составот на Борусија Дортмунд на домашен терен.
ЛШ: Место мајстории, автоголови на Емитари (видео)
OhridNews