Со вкупен пораз (2-1) и елиминација од Атлетико Мадрид во полуфиналето од Лигата на Европа заврши евро авантура на Арсен Венгер на клупата од „топчиите“. „Јорганџиите“ на домашен терен во Мадрид славеа со 1-0 и без пораз обезбедија пласман во финалето во Лион на 16 мај.
– Натпреварот имаше интензитет, а ние пруживме онолку колко што можеме. Им честитам на фудбалерите од Атлетико и им посакувам многу среќа во финалето. Нам нешто ни недостасуваше и затоа нема да бидеме од натпреварот кој ќе одлучува за шампион. Разочарани сме, бидејќи во двата натпревари имавме неколку шанси да постигнеме гол, а не успеавме. На домашен терен во Лондон примивме глуп погодок, а во Мадрид во судиското продолжение од првиот дел. Токму тука лежи разликата во двомечот, кој заслуживме да го добиеме и ние. – изјави Венгер.
Арсенал и следната сезона ќе биде дел од Лигата на Европа, откако во Премиер лигата не заврши во ТОП 4, а не успеа да триумфира во најмасовното клупско натпреварување кое носи во ЛШ.
OhridNews