Поразот од Ливерпул на стартот од Премиер лигата и ремито со Лестер без голови нема да го убеди Арсен Венгер да троши финансиски средства на трансфер пазарот.


Францускиот стручњак на клупата од „топчиите“ ќе ги менува играчите во формацијата, а шанса во ударната игла од нападот ќе добие Алексис Санчез.

Чилеанските репрезентативец делуваше на крилната позиција, а најистурен во нападот во минатите два меча беше Тео Волкот.

Венгер пред почетокот на сезоната се соочи со многу проблеми. Прво се повреди стоперскиот тандем Пер Мерстасакер – Габриел, а Лорент Кошчиелни подоцна се приклучи на подготовките од Арсенал.

Потоа се повреди и ровитиот Дени Велбек, а и Оливие Жиру исто како Кошчиелни се приклучи подоцна со екипата.

Арсенал летово ги доведе Гранит Џака за 30 милиони, Такуму Асана за 800 000 евра и Келечија Квакалија за 3 милиони фунти.

OhridNews