Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер не го криеше незадоволството по поразот во градската пресметка со Тотенхем 2-1.
– Многу сме разочарани. Направивме многу технички грешки, а тоа тим како Тотенхем го казнува со голови. Но, добро е бидејќи од грешките најдобро се учи – рече Венгер.
„Топчиите“ немаа премногу простор за разочарување бидејќи вторник ги очекува дуел со Лестер во Премиер лигата.
– Лестер е незгоден противник бидејќи бодовите им се неопходни во борбата за опстанок. Ќе мораме да одиграме многу подобро и експресно да се вратиме на победничките патеки – додаде Венгер.
Мх.П.