Управата на лондонскиот премиерлигаш Арсенал ќе му овозможи 60 милиони евра на Арсен Венгер за засилувања на екипата.
Францускиот стручњак парите ќе ги вложи во три засилувања за кои веќе во зимскиот преоден рок ќе испрати официјални понуди.
Се работи за фудбалерите Марек Хамшик (Наполи), Матија Дестро (Рома) и Хенрик Мктиријан (Борусија Дортмунд).
„Топчиите“ обезбедија пласман во осминафиналето од Лигата на Шампиони, но слабата форма и шестата позиција во Премиер лигата го загрижува Венгер, кој евидетно ќе го засили нададот и средниот ред на екипата.
Мх.П.