Англискиот премиерлигаш Арсенал е пред елиминација во осминафиналето од Лигата на Шампиони откако на Емирати претрпе пораз 3-1.


Менаџерот на „топчиите“, Арсен Венгер покрај негативата верува дека неговата екипа може да се врати и да обезбеди четвртфинале.

– Имавме огромен посед на топка и нашиот проблем беше менталитетот. Започнавме со висок интензитет и на крајот затоа го плативме цехот. Не смееме да си го дозволуваме ова и вакво нешто едноставно не смее да ни се случи. – рече францускиот стручњак и додаде. – Третиот гол за нас претставува уште поголем предизвик и ќе биде уште потешко, но ние ќе се бориме до самиот крај за пласман во четврт-финалето.


Четири години во низа фудбалерите на Арсенал натпреварите во ЛШ ги завршуваат во осминафиналето, а Монако е на добар пат да ги елиминира уште една во истата фаза.

Ohridnews