„Топчиите“ го претрпеа третиот пораз сезонава, втор во серија, откако изгубија од Манчестер Сити (2-1) во дербито на колото во Премиер лигата.
Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер не го криеше разочарувањето од резултатот, но и од судењето кое според него директно влијаело на крајниот исход.
– Добро одигравме во првото полувреме, но судиите не беа на ниво во второто и не чинеше пораз. Тешко прифаќам вакви порази. Крајно сум разочаран од судењето, а во текот на мечот бев и вознемирен, бидејќи колку добро и да играш неможиш против судиските одлуки. – рече Венгер.
После поразите од Евертон и Манчестер Сити, Арсенал не само што го загуби чекорот со челси туку и падна на четвртата позиција на табелата.
„Граѓаните“ со пресврт до триумф против Арсенал (видео)
OhridNews