Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо беше на чекор од „топчиите“, но Манчестер Јунајтед успеа да биде побрз и за 12 милиони евра тогаш го купи од Спортинг Лисабон.

За најдобар трансфер во Арсенал францускиот стратег изненандувачки го прогласи Лорен, а не Тиери Анри, Денис Бергкамп или некој од другите фудбалери.
– Тој ми е најдобар трансфер бидејќи од десно крило го натерав и научив да игра десен бек. Неговата посветеност на теренот беше мотив за сите во тоа време коа освојувавме титули – додаде Венгер.
Мх.П.










