Лондонскиот премиерлигаш Арсенал после завршување на оваа сезона ќе добие нов кормилар, откако Арсен Венгер после 22 години ќе го напушти клубот. „Професорот“, како што го нарекуваат Венгер му испрати искрена порака на својот наследник, кој се уште не е официјално презентиран.

– На сите љубовни приказни им доаѓаа крај, а тој не е секогаш најдобар, односно ретко доаѓа кога е вистински момент. Знам, дека денот после моето официјално заминување од Арсенал ќе бидам многу тажен, затоа што тешко е да замините туку така од клуб на кој сте му го посветиле животот. Токму таква искрена порака сакам да му испратам на мојот наследник, кој ќе треба Арсенал да го цени како животот свој. – изјави Венгер.

Низ англиските медиуми се шпекулира со неколку имиња помеѓу кои се искусниот Карло Анчелоти, некогашниот играч на Арсенал Патрик Виера, тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри и младиот стратег Ед Хауви од Бурнмат. 

OhridNews