Екипата на Арсенал на „Британија“ стадионот го претрпе првиот пораз сезонава, откако изгуби од Стоук минимално 1-0. Францускиот стручњак на клупата од „топчиите“, Арсен Венгер не беше задоволен од судењето, но и од изданието на своите фудбалери.

– Губевме многу топки во средината и лошо се браневме како екипа. Но, сепак морам да напоменам дека директно на резултато влијаеше судењето, кое не беше на ниво од Премиер лигата. Навикнавме да не ни судат пенали и дискутабилните одлуки да не се на наша страна. – изјави Венгер.

Менаџерот на Арсенал се жалеше на непризнатиот погодок од Лаказет поради офсајд позиција и недосудените неколку прекршоци околу казнетиот простор.

Во следната третата рунда во Премиер лигата Арсенал гостува во Ливерпул кај истоимената екипа.

OhridNews