Фудбалерите на Арсенал на Гудисон Парк од Евертон го претрпеа вториот пораз сезонава, откако изгубија со 2-1 во 16-та рунда од Премиер лигата.


Серијата без пораз на „топчиите“ траеше од првото коло, кога пред своите гледачи претрпе пораз од Ливерпул (4-3).

– Физички ова беше многу тежок натпревар, што значајно ја поремети нашата игра и концепција. Имавме шанси во првото полувреме кои ако ги реализиравме ќе беше сосема друга приказна. Евертон добро се бранеше и играше исто така, а нивните дефанзивци постигнаа голови. Нашиот противник на моменти беше збунет, а ние несреќни. – рече Арсен Венгер после мечот.

Арсенал, пред одигрувањето на преостанатите мечеви од 16-та рунда виси на втората позиција на табелата.

Шампионот „падна“ на Виталити, Арсенал на Гудисон (видео)

OhridNews