Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер после дерби натпреварот со Челси кој заврши без победник (2-2) повторно се жалеше за судењето. Венгер негодуваше за пеналот над Еден Хазард преку кој „сините“ изедначија (1-1) две минути после водечкиот погодок на „топчиите“.
– Уште една судиите донесоа одлука против нас. Во иднина во подготовките за натпреварите ќе треба да внимаваме и на работи, бидејќи често ни се случуваат. Искрено, не сум преголем оптимист за ВАР технологијата дека ќе промени нешто. Но, сакам да зборувам за играта и за фудбалерите, а не за судиите. – изјави Венгер.
На прашањето дали бил стартот на Белерин над Хазард за најстрога казна, Антонио Конте одговори. – Не сакам да ги коментирам судиските одлуки. Ако почнам јас така ќе треба да го искоментирам и глумењето на Џек Вилшер кој веќе имаше жолт картон, затоа нема да го искоментирам ниту пеналот.
Свое видување за пеналот даде и легендата на Арсенал, Тиери Анри. – Старт имаше. Хазард прво стигна до топката, а Белерин задоцни и го удри. Судијата беше блиску и оправдано покажа на белата точка.
Во финишот токму Белерин со погодок донесе реми и го спаси Арсенал од пораз во дербито на Емирати.
OhridNews