„Ќерката на математичарот“ е насловот на новото книжевно остварување на македонскиот писател Венко Андоновски, посветено на Тоше Проески.

Романот кој се уште не е публикуван, е посветен на младиот крушевцанец чиј живот прерано згасна. Според Андоновски, делото се однесува на судибината на еден млад човек, но не на неговата биографија.

Во делото преовладува онаа оптимистичка мисла. Тоше е земен како позитивен и млад лик. Штета е така млад човек, рано да не напушти во време кога можел да придонесе многу повеќе.“ – вели Андоновски.

Инаку, извадокот од ова остварување на Андоновски, е објавено во „Премин“ бр. 85/86.

Писмото на Ема Пил до еден безверник

Живееме во свет. Тоа е најчудната реченица што може да се напише. Да се живее во нешто – тоа е веќе понижувачка ситуација. Да се живее надвор од нешто – тоа е супериорна ситуација. Да се живее, на пример, надвор од стадото, од толпата, од јатото. Големите летаат сами, не во јато. Но да се живее во нешто е во извесна смисла тажно. Тоа живеење во нешто значи странствување, значи да се биде туѓинец во светот. Впрочем, нема човек кој не застанал пред светот и не се прашал: дали сум и јас дел од него, или сум само засаден во тоа што ме опкружува, како туѓинец? Впрочем, нема човек кој не застанал пред светот и не се прашал: дали сум и јас дел од него, или сум само засаден во тоа што ме опкружува, како туѓинец? Тие чувства на процеп меѓу човекот и светот се зголемуваат уште повеќе кога ќе се погледне во ѕвезденото небо. Тогаш станува јасно дека светот мора да има свој дизајнер, свој творец. И дека светот наликува на книга, затоа што и тој, како и книгите ни испраќа различни пораки. Што сѐ ни говори светот сфатен како голема книга? Ни говори дека темните облаци навестуваат дожд, ни говори дека во природата посилните ги јадат послабите (како и во општеството), дека некои билки се лековити, а некои не, дека можеме да стекнеме повластица ако го собираме медот и плодовите…

OhridNews