Прватаж жртва за неуспехот на Италија во квалификациите за пласман на Светското првенство во Русија очекувано е селекторо Џампјеро Вентура. Тој одби да даде отказ, но „правдата“ го стигна неколку дена потоа на седницата од Управниот одбор на Италијанската фудбалска федерација.

– Првата точка на состанокот на ФИГЦ беше за водството на „аѕурите“ и од денеска Џампјеро Вентура веќе не е селектор на националниот тим. – вели соопштението од ФИГЦ.

Но стучњацните, фудбалски работници и самите фудбалери одговорност бараат од првиот човек на федерацијата Карло Тавекио кој одбегна да коментира за неговата судбина.

„Азурите“ прв пат после 60 години нема да бидат дел СП и прекинаа една од најголемите традиции во европскиот фудбал.

OhridNews