Врнежливото време не ја наруши традицијата на охриѓани кои и оваа година масовно го одбележаа празникот Св. Еразмо Охридски. Верниците уште ноќта почнаа да доаѓаат во малата пештерска црква во близина на Охрид посветена на светителот, а колони автомобили беа паркирани од двете страни на магистралниот пат.


Верниците стрпливо чекаа во ред да запалат свеќа, а според обичаите дел од нив оставаа и дарови за здравје.


Култот кон Св. Еразмо е посебно изразен во Охрид, каде светецот поминал дел од животот во пештерската црква сместена над сегашниот храм пред влезот во Охрид. За време на својот живот се смета дека Св. Еразмо во овој крај покрстил околу 20.000 луѓе.

OhridNews