Италијанскиот фудбалер Марко Верати јавно им се извини на клубот и на навивачите на Пари Сент Жермен поради изјавите на неговиот агент Донато ди Кампл. Toj изјави дека Верати е затвореник во ПСЖ и дека токму тоа го спречува трансферот во Барселона.

– Многу тешко ми беше претходните неколку дена. Ги видов коментарите на мојот агент и сакам да кажам дека неговите зборови не се совпаѓаат со моите размислувања. Јавно им се извинувам на сите во клубот и на навивачите. Многу среќен во ПСЖ, бидејќи тој е клубот кој ми овозможи да прераснам во играч каков што сум денеска. – изјави Верати.

Италијанецот не изјави ништо околу иднината на агентот, кој го стави во деликатна и несакана ситуација.

OhridNews