Италијанскиот репрезентативец Марко Верати посакува да се врати во својата родна земја, а Јувентус го гледа како идеален клуб.
Верати од 2012 година член е на францускиот гигант Пари Сент Жермен, а младинските категории ги има минато во тимот на Пескара.
– Серија А е брилијатно натпреварување, а екипите како Интер, Милан и Јувентус имаат богата историја. Јувентус моментално се наоѓа меѓу петте најдобри клубови во светот и со уште поголеми шанси за напредок. Ако заминувам од ПСЖ немам ништо против да се преселам во Торино. – изјави Верати.
Цената на Верати на трансферот изнесува околу 45 милиони евра, но во случај на раскинувањето на договорот со „светците“ на готовс се екипи како Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Барселона.
OhridNews