Канаѓанецот Милош Раониќ се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен совладувајќи го Александар Ѕверев во три сетови (6-1, 6-1, 7-6) во осминафиналето. Младиот германски тенисер бесот за слабата игра во текот на мечот ја искали кршејќи го рекетот, а Раониќ не пропушти шанса да го „скрши“ противникот и да обезбеди пласман во ТОП 8.

OhridNews